| |

ГДУ-ПРОБИШТИП: КОГА АСФАЛТ ВО МАРИЧАНСКА НАСЕЛБА?

„Повод за денешната прес-конференција на ГДУ – Пробиштип е реакцијата и револтот на граѓаните од населбата Маричанска во Oпштина Пробиштип, поради неасфалтирање на ниту една од уличките во населбата, каде што живеат над 200 жители на општината. Во изминатите години, асфалтирањето се усвојуваше од Советот на Општината, но сето тоа остана само на хартија, додека во пракса ништо не се реализираше до сега. За жал, предвидените средства за асфалтирање на улиците во оваа населба се преименуваа за сосема други незначајни проекти.

Дека делата на градоначалникот се вистински недела , покажува и фактот што тој во изминатите години нема никакава визија или план, за економски развој на општината. Имено неговото општо работење или секојдневна обврска за еден градоначалник, ја прикажува во јавноста како негова посебна заслуга. На пример: реализацијата на програмите на Општината, од посебните одделенија во неа, кои програми ги подготвуваат самите вработени од Општината и истите ги реализираат. Не може да си ја препишува идејата за програмите како негова, бидејќи тие програми се донесувани долгорочно десетина години наназад. Сега раководителите само му ги сервираат како готови. Тоа значи дека имаме градоначалник кој работи по програма од претходната гарнитура, односно дека имаме градоначалник наречен „copy paste“.

Понатаму не може со средствата добиени како грант или од владата, да се препишуваат како успеси на градоначалникот. Пример: Изградба на социјални станови, регионален музеј, автоматизација на постоечките објекти за снабдување со вода за пиење или поставување на фотоволтаичните системи.

Сето тоа е заслуга на некој друг почитуван градоначалниче! Сето тоа е дел од старата програма на претходната гарнитура, односно стари проекти кои останале нереализирани или во фаза на реализација. Вие ветивте само две работи пред изборите, дека ќе го направите патот Пробиштип – Крупиште и дека ќе го спречите иселувањето на младите.

За жал, дебакал и фијаско доживеавте и во двете ветувања. Затоа овој момент, заради вашите дела односно недела, ве прогласувам за последен градоначалник од редовите на СДСМ во Пробиштип.
Единствена опција за да бидете повторно градоначалник ви е да се кандидирате на следните избори од редовите на ДПМНЕ“, изјави на денешната прес конференција, Стојанче Зафиров од ГДУ-Пробиштип.

Слични Објави