ВО СОБРАНИЕТО НА РМ СЕ ФОРМИРАШЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ
Во Собранието на Македонија се формираше Иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и еден независен пратеник. Групата пратеници се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица, соопшти Иницијативата.
Од Иницијативата сметаат дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на граѓаните кои очекуваат демократизација на земјата преку измена на изборниот модел.
Потписници на Иницијативата се: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.