| |

ГДУ- ВИНИЦА: КОГА ЖИТЕЛИТЕ НА „МАКЕДОНСКА“ ЌЕ ДОБИЈАТ НОРМАЛНА УЛИЦА?!

„Се наоѓаме на улицата „Македонска“ во Виница, и како што можете да забележите улицата е во многу лоша состојба, има свлечиште на земјиштето, не е исчистена и создава проблеми на граѓаните.

На секои избори локалните власти ветуваат дека овој проблем ќе се реши а гледаме дека сѐ уште не е решен и после толку години.

Ние од ГДУ апелираме до локалната власт да го реши овој долгогодишен проблем на жителите и тие да добијат улица како што доликува на 21-ви век. Ги повикуваме локалните власти да преземат мерки и улицата да биде асфалтирана или поплочена со бекатон во најскоро време и со тоа да завршат страдањата на граѓаните кои се движат по оваа улица“, изјави на денешната прес-конференција Дејан Соколов, претседател на ГДУ – Виница.

Слични Објави