Генчовска за РСМ: Не преговараме, се подготвуваме за посета на стручните тимови на двете МНР
„Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на стручните тимови на МНР на Бугарија и МНР на Република Северна Македонија“. Ова денеска на брифинг во бугарското МНР го изјави министерката Теодора Генчовска, јавува БГНЕС.
„Не знам што кажала госпоѓата Бориславова, нека има доверба на МНР на Бугарија во политиката што ја водиме, вели Генчевска во појаснувачко прашање за БГНЕС.
Министерката Генчовска исто така додаде дека нема конкретни резултати. „Последните разговори со експертскиот тим на РС Македонија се одржаа на 11-ти февруари и за жал не е постигнат взаемно корисен напредок за двете земји“, истакна шефицата на бугарската дипломатија.
