| |

Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго учествуваше на свеченоста по повод еврејскиот празник Ханука во градот

Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков учествуваше во свеченоста по повод еврејскиот празник Ханука во „Градот на ветровите“.

„За мене претставуваше вистинска чест што ја запалив петтата свеќа по повод петтиот ден од еврејскиот празник Ханука. Упатувам благодарност за високата чест што ми беше укажана од генералниот конзул на Израел, Елад Строумаер, да бидам меѓу официјалните говорници на церемонијата на палењето на свеќите за Ханука, заедно со градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, и лидери од различни етнички и верски заедници во Чикаго“, истакнува генералниот конзул на Бугарија во Чикаго.

Во своето обраќање Станков истакнал дека палењето на свеќите нè потсетува оти дури и во најтешките и најмрачни времиња, надежта секогаш победува. Исто така упатил пораки за мир на Блискиот Исток, како и за праведен и одржлив мир во Украина, каде што илјадници човечки животи и понатаму се губат поради војната.

„Нека претстојните празници ја зацврстат нашата посветеност на дијалогот, меѓусебното разбирање и сочувството, и нека светлината што ја носиме нè инспирира заедно да изградиме помирна и понадежна иднина“, бугарскиот генерален конзул Станков во својот говор за време на свечената церемонија.



Слични Објави