Генералниот секретар на НАТО бара „цврсти“ безбедносни гаранции за Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на воспоставување „цврсти“ безбедносни гаранции за Украина, за да се осигура дека Русија ќе ги почитува сите можни мировни договори и „никогаш повеќе нема да се обиде да заземе ниту еден квадратен километар од Украина“, пренесе АФП, јавува БГНЕС.
„Цврстите безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и токму тоа сега се обидуваме да го дефинираме“, изјави Руте за време на посетата во Киев, каде што говореше заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
