Георги Парцалев – Дон Кихот на неговото време
Во галеријата „Градска градина“ на отворено пред Народниот театар „Иван Вазов“ вчера беше отворена документарната изложба „Георги Парцалев – Дон Кихот на неговото време“, посветена на 100-годишнината од раѓањето на еден од најомилените бугарски актери. Настанот е во рамките на Софискиот театарски салон и е во организација на Сојузот на артистите во Бугарија.
Георги Парцалев го напушта овој свет на 64 години во 1989 г, но останува во срцата на луѓето со незаборавните улоги што ги толкувал на театарската сцена и филмското платно. Едни од најпознатите остварувања на Парцалев се случуваат во филмовите „Петмината од Моби Дик“, „Кит“, „Тројцата од резервот“, „Нако, Дако и Цако“, „Два диоптри далековидост“, „13-та вереница на принцот“ и др.
Легендарна останува неговото толкување на улогата чичо Манчо во комедијата „Со деца на море“, од каде потекнува и популарната реплика „Чичо Манчо, те снимав!
Изложбата прикажува ретки архивски документи, фотографии, осврти и интервјуа кои го откриваат неговиот неповторлив талент. Ова е почит на талентот и уникатното присуство на Георги Парцалев, запечатено со фотографии и театарска критика од архивата на Сојузот на артистите во Бугарија, Сатиричниот театар „Алеко Константинов“, Бугарската национална кинотека, Државната „Агенција архиви“, НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ и др.

