| |

КОЛЕВ: ИДЕЈАТА ЗА НАМЕТНУВАЊЕ НА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Е КАКО НАМЕСТЕН НАТПРЕВАР ВО КОЈ БРЕГАЛНИЦА ШТИП ЈА ПОБЕДУВА БАРСЕЛОНА СО 3:0

Веројатноста ГДУ да има свој претседателски кандидат е реална. Водиме разговори со помалите партии по тоа прашање. Според мене наметнувањето на консезуален кандидат за претседател е е како наместена утакмица меѓу Вардар Скопје или мојата омилена Брегалница Штип со Барселона, во која Брегалница ја победува Барселона со 3:0. Не очекувајте ние да играме во наместени натпревари. Уште е многу рано и ако се убедиме дека ќе има фер и демократски изборен процес ќе учествуваме-изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев во емисијата „Печат на неделата“ во врска со прашањето околу претстојните претседателки избори. Колев потсети дека Граѓанско демократската унија од поодамна се залага за промена на изборниот модел и Македонија да стане една изборна единица. Колев изјави дека ГДУ ќе ја поддржи идејата за претседателот да се избира во парламентот само ако претходно се промени изборниот модел.



Слични Објави