П.КОЛЕВ: МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ КАДЕ ЌЕ ПРИПАЃА ДАЛИ ВО ЕУ И НАТО ИЛИ ДА ОСТАНЕ НАДВОР ОД ЕВРОАТЛАНТСКОТО СЕМЕЈСТВО.

Противниците на зачленувањето на Македонија во Европската Унија и НАТО да дадат алтернатива за развојот на Македонија. Како Македонија ќе стане дел од евроатлантските структури ако не го почитува Договорот со Бугарија и не го реши проблемот со името со Грција- праша Петар Колев претседател на ГДУ во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ. Колев подвлече дека Македонија треба да го направи својот избор каде ќе припаѓа, дали во ЕУ и НАТО или ќе се ориентира кон Русија и останатите земји надвор од евроатлантската сфера на влијание.