ГЕРМАНИЈА ПАДНА ВО РЕЦЕСИЈА

/

Економијата на Германија падна за 2,2 проценти во првиот квартал на 2020 година, тоа беше потврдено откако беа објавени официјалните податоци од најсилната економија на Европа.

Падот од квартал во квартал е најголем од финансиската криза во 2009 година, објави федералната канцеларија за статистика Дестатис.

Германија доживеа пад на БДП во два последователни квартала, што технички значи дека паднала во рецесија. Помалку од две недели карантин поради пандемијата на коронавирус беа доволни за да се разнише економската слика на Германија.

Германија забележа и пад на вработеноста, прв од 2013 година.



Германскиот министер за финансии Питер Алтмаер минатиот месец предупреди дека земјата се соочува со најлоша рецесија во повоената историја.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОБАРАНИ ПАРИЧНИ КАЗНИ ЗА 53 ЛИЦА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

МЗЗПР БАРА КОВИД-19 ДА БИДЕ ПРИЗНАЕНО КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБОТНИ МЕСТА

Најново од Вести