ГЕРОСКИ: НАЈСМЕШНИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ КОИ ГИ „РАЗОТКРИВААТ“ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА БОКИ 13
Најсмешни се мак-медиумите што ги “разоткриваат” сите “лажни вести” за Боки 13 во српските медиуми и така собираат кликови, напиша на својот facebook профил новинарот Бранко Героски, алудирајќи на материјалите објавени од неколку блиски до власта портали дека материјалите поврзани со Боки 13, објавени во некои српски таблоиди се лажни вести.
Српските интернет портали „Информер“, „Ало“, „Еспресо“, „Курир“ се таблоиди и од нив може да се очекува да објават лажни вести со цел да добијат повеќе кликови, сосема друг момент е фактот што одредени медиуми во Македонија, повеќето блиски до ВМРО-ДПМНЕ ги пренесуваат овие информации, како да се вистина.
