„Се сеќавам добро, Груевски и неговата пропаганда ги напаѓаа критички настроените новинари, медиуми и интелектуалци, со истата реторика и жестина со која денес се напаѓаат новинарите и медиумите кои ги критикуваат скандалите и слабостите на оваа власт.
Истите тези, истите спинови, истото поистоветување на политичарите и на партиите со државата, истата “одбрана на демокраријата” и во нејзино име – истите закани и истата вербална агресија.
Сменети се само началниците, извршителите и дворските шутови.
Иако е троа ризично, се чувствувам гордо што можам да кажам и да покажам дека јас не станав дел од таа грда трансформација на “револуционерите” во апологети и пропагандисти.
Сепак, тоа не го намалува моето разочарување. Ова не е тоа за што се боревме. Ова не е тоа што си го ветивме себеси, а им го ветивме и на другите.
Има ли воопшто надеж дека би можеле да се вратиме на изворните принципи и цели на нашата некогашна мисија? Или тоа е веќе завршена приказна?“, напиша на својот facebook профил новинарот Бранко Героски.