ГЕРОВСКИ: АЈ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ВИ КАЖАМ КОИ СЕ ФРИКИ И КИКИ
Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста излезе со приказната за peкетот, која се покажа како вистинита, најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики.
За Кики и Фрики во јавноста се шпекулира дека се актуелни пратеници…
Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.
На ова вечерва Героски одговори:
Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.