ГЛАВНИОТ ЕПИДЕМИОЛОГ НА ДАНСКА: МАЛА Е ВЕРОЈАТНОСТА ДА БИДЕМЕ ПОГОДЕНИ ОД ВТОР БРАН НА КОВИД-19

/

„Многу е мала веројатноста дека Данска ќе биде погодена од вториот бран на епидемијата на коронавирус“, изјави денеска главниот државен епидемиолог Каре Молбак на редовната дневна прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Владата откри план за зголемено тестирање и систем за мониторинг на контакти.

Како дел од поширокиот план за спречување на појава на втор бран на епидемија на коронавирус, данската влада го зголеми бројот на тестови кај населението. Во моментов тестира 20.000 луѓе на ден.

Данска, која досега има 533 смртни случаи од коронавирус, е првата земја во Европа што започна да ги релаксира мерките и да го укинува карантинот пред еден месец. Стапката на заразени и бројот на смртни случаи паѓа со недели.



Претходна статија

МВР ЌЕ ГИ ИДЕНТИФИКУВА СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА СТРУШКАТА ЛИТИЈА

Следна статија

ГЕЈТС НАЈАВУВА БИОТЕРОРИЗАМ СО ПАНДЕМИЈА 2 ВО 2025 Г.

Најново од Вести