| |

ГДУ ШТИП: ПРОПАЃА ПРОЕКТОТ ЗА БРАНА НА РЕКАТА ОТИЊА ВО ШТИП, УШТЕ ЕДНА ЛАГА НА СДСМ ЗА ВЕРНИОТ ИСТОК

„Заборавениот Исток си ја доби својата позиција на заборавен, веќе официјално и од Владата. Единствениот капитален објект што требаше да се гради во Истокот и во Штип, брана на реката Отиња, од потребните 3.2 милиони евра доби подигрувачко финансирање од Владата од само 200. 000 евра кои најверојатно ќе бидат „украдени” по старата шема за проекти и измени и дополнувања на проекти

Вака ли ќе ја раздвижувате економијата во Истокот непочитувани од власта, со кратење средства од капитални инвестиции? Ова е тотално анти-економска и анти-логична постапка. Претставниците на СДСМ да одговорат пред граѓаните на Штип и цела источна Македонија каде ги пренасочија средствата од буџетот за браната, пак ли во Тетово, Скопје или друго место како што беше случајот со колекторскиот систем во Штип, на кој оваа власт на СДСМ му ги зеде 10-те милиони евра за колекторски систем и ги даде во Тетово и Битола

До кога источна Македонија и Штип ќе бидат третирани вака понижувачки и игнорантски од власта? Најверниот и најлојален регион во државата со најголемата фискална и даночна дисциплина за овие 30 години, сестринските партии ДПМНЕ и СДСМ го направија најсиромашниот, најиселениот и регионот со најлоша инфраструктура и никакви капитални инвестиции.

Почитувани сограѓани, време е Истокот да го крене својот глас и да им дигне црвен картон на оние кои 30 години го манипулираат и го користат само за избори“, стои во соопштението на ГДУ-Штип.

Слични Објави