ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ОСТАНА СО САМО 11 АНЕСТЕЗИОЛОЗИ

Во ГОБ „8 Септември“ остануваат само 11 анестезиолози, откако двајца во петокот поднеле оставки. 

Извори од најголемиот Ковид-центар во земјава за Фактор потврдија дека анестезиолозите во нивните оставки навеле дека ги напуштаат работните места поради тоа што повеќе не можат да го поднесуваат стресот и од приватни причини. Заминуваат во приватната болница Систина.

„Едниот лекар анестезиолог работеше кусо време во ГОБ „8 Септември“, пред неколку месеци дојде токму од „Систина“, каде што повтроно се враќа. Другиот анестезиолог е искусен лекар, со повеќегодишна пракса. Во оваа болница таботи повеќе од 10 години. Нема да биде лесно бидејќи сме во нејголемиот ек на епидемијата. Ќе правиме ротации, бараме од Клиники „Мајка Тереза“ да ни испратат дополнителна помош“, вели изворот на Фактор.