| |

ГОДИНА И ПОЛОВИНА ПРЕД ИСТЕКОТ НА МАНДАТОТ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски оставката ја поднесе годи и пол пред истекот на мандатаот.

Тој пред оваа функција беше директор на УЈП во време на владеење на Никола Груевски.

Трајковски оставката ја поднел до Собрание на РСМ, а во неа, меѓу другото, пишува дека ја поднесува од лични причини.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на личните податоци силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции, успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да ги поставиме согласно европските вредности“, пишува меѓу другото Трајковски во оставката и додава дека довербата да биде избран за директор, била во период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

Слични Објави