ЛЕГЕНДАРЕН СУДИЈА ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА, А ПЕРЕЗ МУ ДАДЕ НАГРАДА

Повеќе од една деценија Ундиано Маленко на стадионите ширум Шпанија ја делеше правдата на натпреварите во Ла Лига, а вчера се прости од работата.

Последниот меч кој го имаше беше тој меѓу Реал Мадрид и Бетис, а по мечот претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез му даде симболичен подарок.

За разлика од Перез, публиката на стадионот не знаеше очигледно дека 45-годишниот судија се повлекува, па го навредуваа во текот на мечот.

Маленко ја делеше правдата на 346 натпревари, а често судеше и во Лигата на шампиони и Лига Европа, а беше арбитар и на Светското првенство во 2010 година.

Извор: Спорт1

Слични Објави