| |

ГОДИНАВА САМО 24 ЛИЦА ЗАВРШИЛЕ ВО КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА

На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба. Тие веќе се пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација. Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства, но ниту еден нема посериозни повреди. Тој напомена дека оваа година во споредба со претходните намален е бројот на пациенти кои користеле психоактивни супстанци.

Слични Објави