ГОЛЕМА ЧЕСТ: ПЕРО АНТИЌ НОМИНИРАН ЗА ТИМОТ НА ДЕЦЕНИЈАТА ВО ЕВРОЛИГАТА!
Најтрофејниот македонски кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, е номиниран за место во најдобриот тим на деценијата која полека изминува во најдоброто европско клупско натпреварување, Евролигата.
Трите шампионски титули освоени со Олимпијакос (две) и Фенербахче се главната причина што високиот центар се најде во друштво на најеминентните европски кошаркари, кои ги обележаа последните десет години. Антиќ одигра пет сезони во Евролигата во втората деценија од 21 век, во кои остави голем белег со настапите за екипите од Атина и од Истанбул. Пехарите со Олимпијакос ги освои во 2012 и 2013 година, додека со Фенербахче славеше во 2017 година.
Тој е првиот македонски кошаркар кој заиграл во НБА-лигата, каде што две сезони настапуваше за Атланта хокс.
Извор: Спорт1
