| |

ГОЛЕМИНАТА НА ЧЕСНОСТА КАЈ ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ : Мое искуство со една Госпоѓа (не знаев дека е Албанка)

Ме смести службата од аеродромот во авионот, седнувам и по мене влегува жена. Се држи цврсто за предното седиште и шепоти нешто во себе. Полетува авионот женава уште појако го стега предното седиште и уште шепоти. Сфатив дека и е страв од летање. Јас, ја фатив за раката и велам: Се плашите? Таа ми вели: Оф, летам секој трети месец но ете не знам зошто ми е страв и продолжува да шепоти нешто. Сфатив се моли на Бог. И океј… почнав да ја размуабетувам, каталог и дадов да разгледуваме и почнавме муабети. Вели имам ќерки во Македонија син во Германија, внучиња. Син ми, ми вели е со факултет нема работа, мораше да се исели, сега во Германија работат, живеат,  и велам јас: Од кај сте? Вели – од Гостивар, Албанка сум. Ме прашува таа мене, и велам од Кр.Паланка,  и ја кажувам причината поради која идам во Германија, и велам одам кај брат ми, снаа ми и внучињата да ги видам. Брат ми беше невработен, немаше работа и со снаа ми мораа да се иселат. Ми вели: Нека се живи и здрави (ДРЖАВАТА Е ВИНОВНА ШТО ДЕЦАТА НИ БЕГАААТ, Гостивар, вели, сега сите млади бегаат од МК, исто и велам и младината од Кр. Паланка се иселува) НЕМАШТИЈА !!! СИРОМАШТИЈАТА на се ќе те натера.
Во текот на летот, ме прашува, имала пријателка во Кр.Паланка колешка-медицинска сестра дали ја знам. Да и реков ,па се сетив дека и јас имам пријателка во Гостивар-исто хендикепирана (ја знае комшики биле). ЗАЕДНИЧКИ ПРИЈАТЕЛКИ ОД ДРУГА НАЦИОНАЛНОСТ (таа ме праша за Македонка-нејзина колешка, јас ја прашав за Албанка(цимерка заедно бевме во болница) го фаќа за телефонот, отвара слики, ми кажува која слика кој е, ми покажа слики, вели ова тука сум на свадба кај колеги на маж ми-Македонци. И покажувам мои слики, велам: ова сме во Полска, група лица во колички-освоивме Второ место во Бочија, капитенот е Албанец го држи гордо Македонското знаме -Ги победивме таму. СОЖИВОТ -значи има соживот
и не би биле Балканци ако не фативме муабет за политика.
Вели, еххх абе еве се разбираме јас и ти, туку кажи ми… дали ова двојазичноста ќе го врати син ми од Германија, дали ќе ми дадат вработување после двојазичноста. НЕ ми вели, сите едни па исти се на власт, ја испокрадоа државата, младите се иселуваат… останавме ми вели ние старите, зошто не отвараат фабрики, повисок стандард за живеење, ЗОШТО? СТАНАВМЕ ДРЖАВА НА ЗОМБИ – ми вели, држава на старци) мене вели ми е убаво со Македонки да се дружам, и така муабет муабет ,слетуваме во Германија. Ми ја фаќа раката, ме стиска силно но се моли пак на Бог. Пред да излезам и велам ,,ако сакате подајте ми го ранецот, и велам јас неможам-хендикепирана сум. Ми го подава ранецот и почна да плаче,  и велам, што ви е…зошто плачете?? Ми вели-плачам, ми е жал за тебе, а знаеш вели, јас ги сакам сите луѓе, ете таква сум ГОСПОД ДАЛ ДУША СЕКОМУ. Се поздравивме. Нејзе син и ја чекаше мене брат ми.
П.С: Осиромаши го народот, едвај нека преживува за да владеат политичарите!
П.П.С: ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕКА КРЕИРААТ НАРАВОУЧЕНИЕ !!!
А јас , тука полесно дишам, не се гушам со политика.

Автор: Бранкица Димитровска



Слични Објави