Новиот Клинички центар ќе се гради во близина на специјалната болница Бардовци
Новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, соопшти попладнево на прес- конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за здравство Филипче тврди дека тоа е најдобра опција, бидејќи сегашниот, во центарот на градот, е нефункционален.
Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани.
Одлуката за дислокација, наведе министерот за здравство Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите , архитектите и граѓаните. Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.

