Колев: Тодор Александров е идеолошкиот татко на визијата за македонска независност и македонска државност
„Секој решава дали да се бори или да е комформист, дали да се скрие во удопствата на животот или да се посвети на идејата. Всушност секој решава како да живее и за своето решение си ја плаќа цената!“, напиша лидерот на ГДУ Петар Колев на социјалната мрежа Facebook, во пост посветен на годишнината од раѓањето на големиот револуционер и водач на Бугарите од Македонија, лидерот на ВМРО од 1919 до 1924 г. Тодор Александров.
„Тодор Александров ја воскресна Организацијата од пепелта на Првата светска војна, ја крена на нозе волјата и желбата за слободна Македонија, имаше смелост и по цена на својот живот да се спротивстави на Србите и нивните ѕверства во Македонија, а можеше едноставно да си гради кариера во Софија и да си живее спокоен живот со своето семејство. Александров е идеолошкиот татко на визијата за македонска независност и македонска државност со неговата визија “Македонија на Македонците”, која всушност е лансирана од Вилјам Гладстон премиер на Обединетото Кралство и препознаена и прифатена от Александров, тоа е вистината! Тоа што денеска разни шалабајзери кои весник немаат прочитано во животот, кои одат по разни штабови и се молат како песови да ги вработат државно бидејќи се неспособни копуци и не можат за леб да спечалат надвор од државната капа, ќе лаат и ќе тресат зелени, тоа не значи дека Македонија не е благодарна!Вечна ти слава војводо!“, пишува Колев
