| |

Кој го креираше говорот на омраза кон Бугарите и Албанците?*

Фејсбук статус на Арсим Зеколи

Нашите сограѓани Бугари знаат, но тие од Бугарија треба да имаат на ум дека јазикот на омразата кон нив (червени, татари), како и оној против Албанците, не е измислен спонтано и од обични луѓе. Туку е креиран смислено и педантно од елитата која денес пропагира разбирање и толеранција. Таквиот јазик не е дело на Љубчо и Доста или автентичната ВМРО, туку е дело на Тричковски, Спасов, Фрчковски, Пендаровски, Шеќеринска, Иванов, Бучковски, Димитров, Верушевски, Милчин и други ведети од 90тите. Нивните искази се архивирани во Софија, но непознати за јавноста.

Нивниот интерес за глумење “поприфатлива разумна опција” ќе трае до добивањето датум за преговори. А потоа следи пресврт со несмалена жестина на бугарофобен јазик на омраза. Тоа и таква е нивната природа. Ова сега е само еден од многуте куси периоди на фингирана трансформација, по која следи враќање на старо. Тоа им е професија. Од крвожедни албанофоби, бугарофоби во секунда се пресвртуваат во мили ликови на разумност, компромис, добродушност. Се додека не им се загрози касица-прасица и пак ја покажат вистинската природа на заболеност.

Затоа, не се потресувајте од отворените анимозитети од ВМРО (Впрочем, правете разлика кај нив, помеѓу старата националистичка матрица и скорешните – од 2004г. навака – позајмици од СДСМ). Внимавајте и пазете се од отровната “разумност” на “европски настроените добронамерни” во СДСМ, ДУИ и “либералната скопска интелектуала”.

Не ја правете грешката на обичните македонци и на албанските партии. Учете од грците. Без промена на ликовите на врвот, нема договор вреден доверба и спровредлив во реалноста. Имајте на ум дека ова се ликовите кои солидните македонски аргументи ги изглупавија до бесмисленост со комунистичко-удбашки пацки за зачувување на сопствените фотељи, кланови и белградска наклонетост. А за аргументот на ургентност и битност и стабилност за обезбедување брзи преговори со ЕУ, се виде колку им е битно, ургентно и важно со именувањето на Фрчковски.

П.С.Новата Амбасадорка при вас е дете на таа групација.

*Насловот е на редакцијата

Слични Објави