ГОРДАНА И ИГОР: ВО ЦЕНТАРОТ МЕЃУ НАС
Нашите ликовни уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски- Љубац земаа учество во традиционалниот настан „Бела ноќ“, со свои дела изложени на стрип изложбата „Меѓу нас“, што се одржа синоќа во ЈО Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Изложбата беше во соработка со СЦМ Велес. Во врска со културниот ивент побаравме изјава од нашите пријатели Гордана и Игор.
„ Настапивме на изложбата „Меѓу нас“ со повеќе дела, од кои би сакале да го издвоиме нашето заедничко дело „Марифет за азно“ со кое станавме добитници на наградата за дебитантски стрип на годината за 2016 г, во Македонија. „Марифет за азно“, го илустрира начинот на кој лесно може да се привлече богатството. На самата изложба имаше голем број посетители и интересот кај публиката постои, но за жал морам да напоменеме дека стрипот не е доволно застапен во ликовната уметност во Македонија. Еден од малкумината кои активно се занимава со стрип е нашиот колега Игор Стефковски, од неделникот „Фокус“. Наредниот викенд на 17 октомври ќе учествуваме на уште една групна изложба. Проектот е насловен „Од отпад до уметност“и поддржан од гр. Скопје. Изложбата е заедничка соработка на Домот на културата „Кочо Рацин“, организацијата „Human world“ и нашата колешка Сарита Конеска, која е координатор на проектот. Ќе настапиме со некои нови и cool дела, инспирирани од естетиката на блудот во домаќинството.“- раскажаа за нашиот портал Гордана и Игор.
Стрип изложбата „Меѓу нас“ ќе трае до 15 октомври и сите што сакаат да ја посетат, можат да го направат тоа во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје.