Петков му порача на Вархеји: Бараме вклучување на македонските Бугари во Уставот и да се спроведува Договорот за добрососедство

//

Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок по прашањето на PCM. Почитување на рамковната позиција, која ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на македонските Бугари во уставот на РСМ, за да се заштитат нивните права и трето, да се спроведува Договорот за добрососедство. Едноставно и јасно.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, јавува БГНЕС.

„Тоа беа нашите разговори и порано и сега со еврокомесарот“, додаде Петков.

„Се уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, бидејќи не можеме да продолжиме со пристапниот процес“, изјави комесарот Вархеји.



„Ја очекувам поддршката од Бугарија и работиме на тоа со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, но и редовно и во Скопје, за конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за РСМ. Би сакале да видиме постигнат договор во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, но ќе се сретнам и со претседателот“, додаде Вархеји.



Претходна статија

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска поднесува оставка

Следна статија

Османи за палењето на „Ванчо Михајлов“: Не може кривично дело да биде оправдување за емоција

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да