| |

Одбележуваме 84 години од раѓањето на големиот македонски Бугарин Јован Стојановски- Јове Рибарот

На денешен ден 15 септември, одбележуваме 84 години од раѓањето на еден од најпознатите активисти за правата на македонските Бугари во РС Македонија и еден од основачите на Здружението на македонските Бугари „Радко“ Јован Стојановски, попознат како Јове Рибарот.

Јове Рибарот беше главен финансиер и организатор на панахидите за Мара Бунева што традиционално се одржуваа во Скопје во 90-тите години на минатиот век.

Стојановски е роден на 15 септември 1939 г. во Скопје.

Еве што пишува за неговата одисеја дописникот на Бугарската национална телевизија Костадин Филипов во август 2009 г. речиси шест месеци пред Стојановски да почине на 11. 03.2010 г.

Јован Стојановски од Скопје е еден од луѓето што настрадаа во годините по прогласувањето на независноста на Република Македонија, поради својата бугарска самосвест. Обвинението против него беше дека за време на основањето на пробугарското здружение Радко во Скопје во 2000 година, тој бил еден од лицата што се обиделе да ги фати тројцата млади луѓе кои фрлиле димни бомби во салата. Судот го осудил на три месеци затвор, а апелациониот судија ја зголемил казната за уште три, наведувајќи: „за вас, Бугарите, нема милост“ …

„Лежев пет месеци, затвор како затвор, спиев на земја, таму, барав кревет, тој, директорот, е комунист, кога дозна за кого е се работи, ми ги врати парите, се исплаши … “, раскажува Јове Стојановски-Рибарот пред Костадин Филипов.

Стојановски е дециден дека и покрај објавената независност, стравот доминира во македонското општество.

„Има многу Бугари кои се плашат да кажат. Има такви во Владата, ги има насекаде, да ви кажам … Но, тие не се осмелуваат да кажат, ако кажат, ќе бидат соборени од власт “, вели Стојановски пред новинарот Костадин Филипов.

Дванаесет години од изјавата на Јован Стојановски-Рибарот пред новинарот од БНТ… Времето во Македонија стои!

Бог да го прости Јове Рибарот и вечна му слава!



Слични Објави