ГОРДАНА ВИНЧИЌ ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ИЗЛОЖБА „ИДЕНТИТЕТ“ ВО КАФЕ LI/ART LI

Синоќа во прекрасната кабаретна атмосфера на кафичот ЛИ/АРТ ликовната уметничка Гордана Винчиќ ја претстави својата изложба „Идентитет“. Културниот настан го измеша дружењето со пријателите и жедта за уметност на еден неповторлив начин. На едно место се споија интимноста на начинот на кој се доживува едно уметничко дело и желбата да споделиш убав момент со луѓето кои ја охрабруваат потрагата по возвишеноста.

„ Кабаре чувство, неодоливи напитоци, среќни посетители, предновогодишни желби и романтики, уметници, љубители на уметност и потрага по духовно задоволство. Култното “Кафе Ли Арт” по мене ги остварува сите критериуми на современо менанџирање и представување на ликовната сцена и се што оди при една таква искрена дружба. Пред се и самата уживав во новите познанства кои вечерта ми ја направија како остварен сон на еден уметник.” – изјави за нашиот портал авторката на уметничките дела Гордана Винчиќ.

“Галерија од убави и насмеани ликови како едн вистински предновогодишен ликовен настан, подзасилен со делата на авторката”- изјави Игор Љубовчевски ликовен уметник.

Во фотографиите што следат се надеваме дека ќе успееме да ви доловиме дел од прекрасната атмосфера во арт кафичот Ли, домаќин на овој културен настан.

Слични Објави