ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ ОБЕЗБЕДИ ЛАПТОП КОМПЈУТЕРИ ЗА МИТЕ И КАТЕРИНА

По сторијата на „ВидиВака“ во која е раскажана сиромашната и тешка животна приказна за средношколците Мите и Катерина Драгишевски од кумановското село Стрновац, и фактот дека немаат компјутер од кој би ја следеле онлајн наставата, веднаш реагирал градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

loading...

Градоначалникот денеска лично купил два лаптоп компјутери, кои ќе им бидат доставени на децата за користење во наставата веќе во понеделник.

– Лаптопите веќе се набавени и дадени на инсталирање и на децата ќе им бидат врачени веќе во понеделник. Дополнително ќе ја разгледаме можноста за обезбедување и интернет конекција, изјави градоначалникот Димитриевски.

Целата сторија за семејството можете да ја погледнете во видеото подолу:



loading...

Извор: Кумановски муабети