Граѓански протест против корумпираните извршители
Граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи, денеска во 12 часот ќе протестираат пред Комората на извршители во Скопје, јавува Макфакс.
Тие велат дека почнува ловот на корумпирани извршители, бидејќи сметаат дека нивното делување надвор од судовите е непотребно. Протестот е реакција на новиот Закон за извршување, со кој доколку граѓаните немаат платено комунални сметки, извршителот не смее да ги блокира без претходно известување.