| |

Граѓанското здружение „ДЕЛО“-Скопје достави предлог декларација до ЗНМ за говорот на омраза кон Бугарија и бугарскиот народ

Здружението на граѓани „ДЕЛО“–Скопје достави предлог Декларација за осуда на говорот на омраза, потикнување раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија и бугарскиот народ до Здружението на новинарите на Македонија.

Во прилог ви ја доставуваме предлог декларацијата:

Посебно имајќи ги предвид меѓународните договори и правни акти кои ги има ратификувано Собранието на Република Северна Македонија како што се: Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација, усвоени од Генералното собрание на Обединетите нации, Европската конвенција за заштита на човековите права заедно со протоколите кон конвенцијата и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“–Скопје, поведува иницијатива до Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, да биде донесена следната:

ДЕКЛАРАЦИЈА

ЗА ОСУДА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА, ПОТТИКНУВАЊЕ РАЗДОР И НЕТРПЕЛИВОСТ КОН РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И БУГАРСКИОТ НАРОД

1. Членовите на Здружението на новинарите на Македонија го осудуваат говорот на омраза, поттикнувањето на раздор и нетрпеливост изразен во медиумите кон Република Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија.

2. Членовите на Здружението на новинарите на Македонија ќе се воздржат од говор на омраза, поттикнување на раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и кон македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија и од изјави во медиумите кои содржат дискриминаторска содржина по основ на нивното национално потекло.

3. Членовите на Здружението на новинарите на Македонија, во јавноста ќе промовираат и поттикнуваат содржини за превенција и амортизација на говорот на омраза, раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија, бугарскиот народ и македонските бугари кои се граѓани на Република Северна Македонија.

4. Членовите на Здружението на новинарите на Македонија апелираат до пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, до органите на извршната власт, судовите, сите други државни органи, правни и физички лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје, да вршат превенција од директна и индиректна дискриминација, вознемирување, виктимизација и сегрегација насочена кон македонските бугари.

5. Членовите на Здружението на новинарите на Македонија, ја потврдуваат определбата за унапредување на односите со Република Бугарија, преку конструктивен дијалог, како суштински придонес за сузбивање на говорот на омраза.

Слични Објави