Грчки професор: Бугарите и Македонците имаат заедничка ДНК
Денешното словенско население во РС Македонија нема ништо заедничко со населението на Македонија од античкиот период од времето на Филип и Александар Македонски. Денешното население е поврзано со Бугарите. Овие податоци ги покажуваa ДНК истражувања вели грчки професор по генетика , јавува БГНЕС.
Познатиот професор на Катедрата по генетика на Солунскиот универзитет, Константиос Тријандафилидис , вели дека науката и генетиката ги обелоденила неоснованите илузии и небулозната пропаганда на власта во Скопје. Тој подвлече дека голем број генетски истражувања на научници од различни држави докажале дека мнозинството од граѓаните на Бугарија и РС Македонија се од една иста етничка група и имаат заедничка ДНК.
,,Генетскиот состав на жителите на РСМ е многу близок до тој на жителите на Бугарија , вели Тријандафилидис. Тој е категоричен дека науката генетика ја побива пропагандата на власта во Скопје исто како што математиката би го побила секое тврдење дека едно плус едно не е рамно на две .
