|

ГРЦИЈА ГО БЛОКИРАШЕ СОЛУН ЗАРАДИ КОВИД-19

Грција од денеска воведува регионални блокади на вториот по големина град Солун и на уште две други области по зголемувањето на бројот заразени од Ковид-19. Ова го објави владата, цитирана од Гардијан. Земјата регистрираше значително помал број на заразени од другите земји во Европа, но инфекцијата рапидно расте од почетокот на октомври.

Во текот на изминатите 24 часа беа регистрирани 1.211 заразени и 12 мртви лица, со што бројот на жртви во земјата достигна 615 од почетокот на епидемијата.

„Просечната возраст на новоинфицираните лица сугерира дека постои силна корелација со собирите за забава, спорт и други активности“, изјави министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас.

Денешната одлука го става Солун, во категоријата највисок ризик од скалата за проценка на ризикот од четири точки во Грција. Во највисоката категорија, забранети се јавни или приватни собири, а движењето помеѓу областите е забрането.

Слични Објави