ДОАЃААТ 60 РЕСПИРАТОРИ ДОНАЦИЈА ОД НАТО
Донацијата на НАТО од 60 респиратори денеска треба да пристигне во Скопје.
Донацијата на НАТО доаѓа од доверителниот фонд и е во висина од 1,4 милиони евра. Истата ќе биде пречекана на Меѓународниот аеродром Скопје, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопштија од Министерството за одбрана.

