Грција ја потврди својта поддршка за влезот на Бугарија во Шенген зоната
Грција ја потврди својата поддршка за полноправно членство на Бугарија во Шенген зоната. Ова се случи на средбата на министерот за внатрешни работи на Бугарија Калин Стојанов и Димитрис Керидис, министер за миграција и азил на Република Грција, јавува БНР.
Двајцата министри се обединија околу ставот дека миграциските предизвици се генерално европски и затоа се потребни европски одговори.
Средбата се одржа во рамките на состанокот на Советот за правда и внатрешни работи што се одржува денеска во Брисел.

