| |

ГРЦИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ДО 5 АПРИЛ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА ДРЖАВЈАНИ НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ

Одлуките за забрана за влез во Грција на државјани на трети земји и за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Турција и Албанија, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 5 април 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Слободен Печат.

Согласно министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната” за да се ограничи ширењето на коровирусот што синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, продолжени и дополнителните рестрикции за влез во земјата преку граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, како и задолжителниот карантин.

Граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа работат од 7 до 19 часот, по локално време, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На овие гранични премини, на сите, задолжително им се прави брз тест, вклучително и на возачите на камионите, а при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави