|

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните кои не примиле ниту една вакцина

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години како и постарите кои не ја примиле ниту првата доза од вакцината против Ковид-19, пренесуваат медиумите во регионот.

Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од новиот ковид бран и кога се зголемува бројката на новозаразени случаи со коронавирус, објави Ројтерс.

Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.

Слични Објави