| |

ГРУБИ: ДУИ ИМ СТОИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ОРГАНИТЕ НА ПРАВДАТА И ПРОГОНОТ

Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби денеска на прес-конференција истакна дека неговата партија ќе даде поддршка на законското решение за СЈО коешто е усогласено со коалицискиот партнер СДСМ.
Тој посочи дека ДУИ се става на располагање СЈО да отвори истраги за сите функционери на партијата од 2002 па наваму.
„Безрезервно се ставаме на располагање на органите на правдата и прогонот, да се постапува по словото на законот и тој да важи за сите“, истакна пратеникот на ДУИ кој одговори и на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Беса дека има селективен пристап во работењето на СЈО.

Слични Објави