|

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по бегството од Македонија, јавува Макфакс.

Информацијата ја објави и унгарскиот портал „24“, при што се наведува дека фирмата била регистрирана во гратчето Пецел на 15 јули.

Експремиерот е наведен како сопственик и директор на Друштвото со ограничена одговорност И. Ц. И. Ц (I. C. I. C.). сместено во куќа на улицата Бошкаји број 9 во Пецел.

Според документите објавени во унгарскиот Централен регистар на фирми, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година, од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави