ГРУПА ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ПОДНЕСАТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ
Група пратеници утре ќе поднесат иницијатива за свикување на парламентот, потврдуваат за Телма собраниски извори. Скопските пратеници веќе го ставија својот потпис на иницијартивата која според нив утре ќе биде доставена до парламентот.
Иницијативата содржи две главни точки, првата е потврдување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба, втората е ставање на собранието во функција по потреба.
Со 20 пратенички потписи, може и официјално да се побара закажување на собраниска седница. Основата за ваквата иницијатива е во уставот.