ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК ЌЕ МУ ОТКАЖЕ ПОСЛУШНОСТ НА ТРАМП

/

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо  денеска изјави дека нема да почитува ниту една од наредбите на претседателот Доналд Трамп, кои се однесуваат на повторно отворање на државата на начин што не е безбеден за здравјето на луѓето за време на епидемијата на коронавирусот.

„Ако тој нареди да ја отворам државата на начин што може да го загрози јавното здравје на луѓето во државата, јас нема да го сторам тоа, изјави Куомо за CNN.

Трамп вчера рече дека претседателот на САД има апсолутна моќ кога е во прашање пандемијата и оти гувернерите на сојузните држави не се прашуваат за тоа, па макар и да доаѓаат од редовите на Демократската партија.





Претходна статија

44 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД КУМАНОВО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Следна статија

НАЈАВЕНИ САНКЦИИ ЗА 700 ЛЕКАРИ ВО БиХ КОИ ЗЕМАЛЕ БОЛЕДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ ПИКОТ НА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести