НАЈАВЕНИ САНКЦИИ ЗА 700 ЛЕКАРИ ВО БиХ КОИ ЗЕМАЛЕ БОЛЕДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ ПИКОТ НА КОРОНАВИРУСОТ

/

Дури 700 лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во пикот на епидемијата на Ковид-19, од кој до вчера беа заразени 1.000 луѓе, а починале 39 заразени, пренесува „Хина“.

Директорката на Клиничкиот центар во Сараево, Себија Изетбеговиќ, предупредува дека станува збор за сериозен проблем кој се заканува да го собори здравствениот систем.

„Отсекогаш имаме проблем со лажни боледувања и тврдам дека во моментот две третини од медицинските работници неоправдано изостануваат од работа. Ги среќавам своите вработени како се шетаат низ град, а некои од нив самите на себе си издале боледување. Ја следиме таа аномалија која во екот на неизвесната борба против Ковид-19 се коси со Хипократовата заклетва и дојдовме до сознанија дека главно станува збор за исти лица“, вели таа.

Директорот на Домот за здравје, Мухамед Ахмиќ, најави санкции за неоправданите боледувања.



„Им наложив на лекарите да се заострат критериумите за одобрување боледување и секое некритичко отворање ќе биде казнето“, истакна тој.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, најави дека покрај платата, на сите здравствени работници, возачи и помошен персонал, кои работат во здравствените установи во Република Српска, ќе им биде исплатена еднократна помош во износ од 1.000 конвертибилни марки.

„Пари ќе добијат само оние што работеа од појавата на Ковид-19 во РС, а никако на оние што користат боледување и слично“, нагласува Додик.

Претходна статија

ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК ЌЕ МУ ОТКАЖЕ ПОСЛУШНОСТ НА ТРАМП

Следна статија

ПРАТЕНИЧКА ОД ПРИЛЕП Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

Најново од Вести