44 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД КУМАНОВО ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19
Четириесет и четири здравствени работници од Куманово досега се позитивни на коронавирусот, двајца нови случаи има само во последното деноноќие.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски смета дека час поскоро Комисија од Министерството за здравство треба да донесе одлука за реорганизација на болницата. Тој изрази поддршка до сите здравствени работници и додаде дека општината им стои на располагање за било каква помош во рамките на своите надлежности.
