| |

Гувернерот на Охајо ги истакна врските меѓу Бугарија и САД во прогласот по повод 3-ти Март- Националниот празник на Бугарија

Гувернерот на државата Охајо, Марк Девајн, издаде прокламација со која го објавува 3 Март за ден на Бугарија во државата Охајо. Документот ги одбележува 20 годишнината од ратификувањето на протоколот за влез на Бугарија во НАТО во Сенатот во САД, 80-тата годишнина од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна и 120-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Бугарија и САД.

Во прокламацијата Гувернерот и неговиот заменик Џон Хестит, посочуваат дека Лексингтон, Охајо е родно место на американскиот новинар и меѓународен деец на бугарската кауза Џаноариус Макгахан кој ги открил пред меѓународната заедница злоделата на османските трупи против Бугарите за време на Априлското востание од 1876 година.

Во Документот се зборува и за доаѓањето во САД на Бугари од географската област Македонија во првата половина на 20-ти век, кои ,,побарале слобода, спас од репресии и бегале од конфликти”.

Прокламацијата ги спомнува и бугарските достигнувања и заслуги од современието и блиското минато од Синсинати, Чили, создаден од браќата Том и Џеф Киреџиеви и дел од 20 -те најсимболични храни во Америка до НАСА и програмата за месечината на бугарскиот научник Вајден Табаков.



Во Прокламацијата е наведен и придонесот на Американците од бугарско потекло за економијата на државата Охајо и културната разноликост што тие ја внесуваат со своите национални црти и традиции. Во заклучок врз основа на наведените причини, прокламацијата го честита бугарскиот државен празник. Документот е потпишан од Гувернерот на Охајо Марк Девајн и неговиот заменик Џон Хестит.

Слични Објави