ГУЖВИ ЗА АЛКОХОЛ ВО БАНГКОК, ВЛАСТА РЕШИ ДА ГО ЗАБРАНИ БАШ ПРЕД НИВНАТА НОВА ГОДИНА
Илјадници луѓе денеска чекаат во редици за вино, пиво и друг алкохол во Бангкок, откако локалната власт во главниот град на Тајланд објави десетдневна забрана за продажба на алкохол, за да се да ги спречи социјалните активности пред традиционалната нова годинa.
Забраната како што соопшти портпаролот на општината ќе трае од 10 до 20 април.
Локалните медиуми веќе јавуваат за огромни групи на луѓе кои се собираат во деловите за алкохол на супермаркетите.
За тајландската нова година – Songkran – граѓаните обично ги посетуваат своите родители. Прославите, кои честопати се прелеваат со алкохол, се намалени за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

