ПОДГОТВЕТЕ КРЕМПИТА ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ
Состојки:
1 пакување лиснато тесто
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
9 лажици шеќер
200 мл слатка павлака
малку шеќер во прав
Подготовка:
Пудинг, шеќер и 100 мл млеко соединете ги, преостанатото млеко ставете го да зоврие и сварете го пудингот. Покријте го пудингот со леплива фолија и оставете да се излади. Корите од лиснато тесто направете ги малку помали од тавата.
Изматете ја слатката павлака и додадете ја во оладениот пудинг и добро измешајте со миксер. Ставе кора – па фил – па пак кора. Потоа ставете ја питата во фрижидер да се олади. Исечете на коцки и посипете со шеќер во прав.
На здравје!

