ГВАРДИОЛА ЛЕТОСКА ЛЕСНО МОЖЕ ДА СИ ОДИ ОД МАНЧЕСТЕР СИТИ
Пеп Гвардиола, актуелниот менаџер на англискиот шампион Манчестер сити можно е да си замине летоска од „Итихад“, најавија англиските медиуми, повикувајќи се на една клаузула од договорот на шпанскиот тренер со својот клуб.
Гвардиола во Сити дојде од Баерн Минхен и има договор до 2021 година, но „Дејли Мејл“ открил дека во договорот еден од најдобрите светски тренери има посебна клаузула која може да ја активира и нема пари со кои Сити би можел да го разубеди.
Засега не е познато за колку пари, Гвардиола би можел да ја активира клаузулата, но тоа од што стравуваат на „Итихад“ е фактот дека ова лето е пресвртница кај Гвардиола. Пеп ако остане до 2021 година првпат би имал толку долг претстој на клупа на еден клуб, па затоа шеиците стравуваат дека веќе мотивите му се паднати и дека сака промена, па можно е да си оди летоска. Особено што Сити веќе има сериозен заостаток зад Ливерпул во битка за титулата во Премиерлигата, а Шпанецот и призна дека нереално е во ваква ситуација да се стигнат „црвените“.
Гвардиола ја почна кариерата во Барселона, каде во четири години освои три шампионски титули и два трофеи во ЛШ, а стана најтрофеен тренер на Каталонците со 14 пехари, по што замина во Баерн Минхен, каде освои три шампионски круни во Бундеслигата и о 2016 година е дел од Манчестер сити, со кој две години е првак во Премиерлигата.
Извор: Спорт1


