|

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, јави УХМР.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

За време на викендов и на почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни утре во северозападните делови, а во понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот.

Слични Објави