|

АНГЕЛОВ: СЕКОЈ БРАНИТЕЛ ШТО ИМА НЕКАКОВ ПРОБЛЕМ МОЖЕ ДА МЕ ПОБАРА НА ТЕЛЕФОН

„Почитувани пријатели,На вчерашната седница Владата ме именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).Му благодарам на премиерот Заев и на членовите на Владата за укажаната доверба.Функцијата директор на ЦУК ја исклучува мојата досегашна позиција Национален координатор за воени и полициски ветерани но, иако во овој момент неформално, јас и понатаму останувам на располагање на сите македонски бранители од 2001-та како и на останатите македонски ветерани.Секој бранител кој се обидува да оствари некакво право или има проблем за кој смета дека можам да помогнам, слободно нека ме побара директно на телефон“, стои во објавата на личниот профил на генерал Стојанче Ангелов на социјалната мрежа facebook.

Почитувани пријатели, На вчерашната седница Владата ме именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи…Posted by Стојанче Ангелов on Среда, 04 ноември 2020



Слични Објави