Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изрази надеж дека по изборите на Косово, работите ќе бидат појасни и дека ќе може да се влезе во „финалната фаза“ на преговорите помеѓу Белград и Приштина.
Хан е дециден дека позитивниот исход од дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен елемент на идната европска перспектива на целиот регион.
Тој сепак истакна дека до тогаш е важно и двете страни да направат отстапки за да се деблокираат преговорите.